ЕУ започна преговори со Грција

Еврокомесарот за економија Пјер Московиси вели дека започнале преговорите со Грција за нов пакет финансиска помош. Грчкиот парламент денеска треба да гласа за вториот пакет реформи кои Атина ги вети во замена за меѓународна помош. Московиси, денеска рече дека преговарачите во Брисел разговарале за „меморандум за разбирање“. Според него преговорите најверојатно ќе продолжат од средината на август.