Хрватска - Пожарот на Пељешац се доближи до куќите

Пожарот на хрватскиот полуостров Пељешац продолжува да се шири во правец на месноста Пониква и се доближува да првите куќи во населбата Забрѓе, соопшти попладнево портпаролот на Штабот за заштита и спасување на Дубровачко-неретванската Жупанија, Горан Цвјетиновиќ.

Според Цвјетиновиќ, пожарникарите се обидуваат да го спречат пожарот и да ги спасат загрозените куќи.

На Пељешац од понеделникот горат два пожари кои досега уништија над 800 хекатри борова шума, неколку лозја и една винарија и усмртија поголем број домашни животни.