Нападот во Суруч го извел 20 - годишен Турчин

Дваесетгодишен маж е виновниот за нападот во турскиот пограничен град Суруч, соопштија турските власти. Момчето потекнува од југоистокот на Турција. Денеска турската влада разгледува мерки за дополнителна безбедност на границата со Сирија. Во нападот во Суруч се убиени 32 луѓе, а повеќе од 100 се повредени.

Неколку турски провајдери на Интернет услуги денеска го блокираа пристапот до Твитер, во согласност со одлуката на локалниот суд со која се спречува дистрибуирање на снимките од самоубиствениот бомбашки напад изведен пред два дена.