Бомбашки напад во Авганистан

Архивска фотографија.

Бомбаш самоубиец го разнел својот експлозив на пазар во северен Авганистан убивајќи најмалку 15 луѓе, соопштија тамошните власти. Тие велат дека меѓу убиените има жени, деца и најмалку еден авганистански војник. Во нападот се повредени 40 луѓе. Полициските власти велат дека нападот бил насочен кој воените сили кои биле присутни во таа област, но дека жртвите се невини цивили. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.