Грчкиот парламент ќе гласа за вториот пакет реформи

Алексис Ципрас

Грчките пратеници денеска треба да гласаат за вториот пакет реформи, што ќе биде уште еден тест за премиерот Алексис Ципрас. Грција мора да го усвои и вториот пакет за да добие 83 милијарди евра помош во следните три години. На 20 август истекува рокот до кој Грција треба да и врати 3,2 милијарди евра на Европската централна банка, а во септември и милијарда ипол евра на Меѓународниот монетарен фонд. Грчката влада вчера во парламентот презентираше повеќе нацрт закони за реформи, со барање финалниот договор да се постигне до 20 август.