БРИКС отвори банка во Шангај

Земјите кои ја сочинуваат групата позната како БРИКС, односно Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка во Шангај отворија Нова банка за развој која се смета дека ќе им биде конкуренција на Светската банка и на Меѓународниот монетарен фонд чие седиште е во Вашингтон. Земјите на БРИКС кои сочинуваат 40 насто од светската популација ја покренаа банката со почетен капитал од 100 милијарди долари.