Град Скопје: Обвинувањата од Жерновски се неосновани

Обвинувања на градоначалникот Андреј Жерновски се неосновани и паушални, се вели во реакцијата на Град Скопје на дел од ставовите и наведувањата на градоначалникот на Општина Центар за влезот на зградата во која е сместено и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Градските власти, тврдат дека целокупната постапка е во согласност со закон и во целосна надлежност на Град Скопје.

Посочуваат дека согласно законите не постои можност за заеднички увид на терен, и го повикуваат градоначалникот на Општина Центар да изврши увид во целата документација, а општинските инспектори да постапат согласно законот.