Се укинуваат санкциите кон Иран

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ја одобри резолуцијата со која се овозможува укинување на меѓународните санкции против Иран. Гласањето се сметаше за формалност, бидејќи петте постојани членки на Советот со право на глас, Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД, плус Германија, се согласија на укинување на санкциите како дел од договорот за нуклеарната програма на Иран, кој беше потпишан во Виена на 14 јули.

Се укинуваат економските санкции кон Иран во замена за гаранции дека Иран нема да развива нуклеарно оружје.