Груевски на одмор во Израел

Архивска фотографија - Премиерот Никола Груевски во посета на Дојран.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски заедно со своето семејство е на неколкудневен годишен одмор во Државата Израел, соопшти службата за односи со јавност на Владата на Република Македонија. Денеска на социјалните мрежи се појави фотографија од премиерот на плажа, со наводно скапи очила за сонце.