Авганистански војници убиени во воздушни напади

Најмалку седум авганистански војници се убиени во воздушни напади од страна на меѓународните сили во провинција на југот од Кабул. Локалните власти велат дека се повредени и пет војници во нападот на воен пункт во провинцијата Логар. Според авганистанското министерство за одбрана инцидентот се случил кога хеликоптер на коалициските сили ја надлетувал областа каде се водат борби меѓу авганистанските трупи и талибанските борци.Гувернерот на областа вели дека воздушниот напад на НАТО е грешка и дека се работи за лоша координација. Американскиот воен портпарол во Авганистан вели дека го истражуваат инцидентот.