Германскиот министер за економија Габриел во Иран

Германскиот министер за економија Зигмар Габриел

Германскиот министер за економија Зигмар Габриел престојува во тридневна посета на Иран. Тоа е прва посета на еден официјален западен претставник на Иран, откако во минатата недела беше постигнат договор за иранската нуклеарна програма. Габриел, како што јавуваат новинските агенции, предводел „мала делегација бизнисмени и научници“. Се очекува министерот Зигмар Габриел да биде примен и од иранскиот претседател Хасан Рохани. Според некои очекувања, трговската размена меѓу двете земји во наредниве три години би можела да достигне над 10 милијарди долари.