САД и Куба по 54 години ги обновуваат дипломатските односи

Соединетите држави и Куба денеска официјално повторно ќе ги отворат нивните амбасади во Вашингтон и во Хавана по 54 години од прекинот на дипломатските односи. За денеска е закажана церемонија на која ќе биде кренато знамето на Куба на амбасадата во Вашингтон. На церемонијата ќе присуствува и шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригрез кој потоа ќе се сретне се американскиот државен секретар Џон Кери. Церемонијата на подигање на американското знаме во Хавана ќе се одржи во август кога е закажана посетата на државниот секретар Кери на Куба.