Шефот на Пентагон Картер во Израел

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер кој престојува во посета на Израел изјави дека не очекува да ги убеди израелските лидери да го променат ставот за нуклеарниот договор со Иран. Сепак тој наведе дека договорот не ја ограничува можноста на Вашингтон да им гарантира безбедност на Израел и на арапските сојузници. Картер кој утре ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Вашингтон има право да употреби воена сила против Иран доколку тоа биде неопходно. Нетанјаху остро го критикуваше договорот како закана за опстанокот на Израел.