Германски министер во посета на Техеран

Германскиот министер за економија Зигмар Габриел е во посета на Техеран, со што се одбележува првата официјална посета на претставник на западните сили откако Техеран го потпиша нуклеарниот договор. Габриел кој е и заменик на канцеларката Ангела Меркел и министер за енергетика денеска ја започна тридневната посета со како што е наведено во соопштението од неговиот кабинет, со мала делегација на претставници на компании, претставници на индустриски гранки и науката.

Во соопштението е наведено дека договорот потпишна на јулие основа за нормализирање на економските врскисо Иран, но под услов сите чекори во него да бидат спроведени. Тој очекува да се сретне со иранскиот претседател Хасан Рохани.

Нуклеарниот договор ја ограничува нуклеарната способност на Иран во замена за намалување на економските санкции.