Протести во Грузија

Илјадници демонстранти излегоа синоќа на улиците на главниот град на Грузија за да протестираат против таканаречената „руска окупација“ на отцепените грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија.

Над 3 илјади демонстранти се собраа пред владината зграда во Тбилиси извикувајќи „ Грузија“ и со транспаренти на кои е преставена Русија како окупатор, барајќи да се стави крај на соработката со „непријателот“.

Организаторот на демонстрациите Тамара Черголешвили вели дека Кремљ ќе продолжи ја користи својата моќ за да ја потчини Грузија, и тука се собравме за да покажеме дека за агресивната политика на Русија во 21-от век нема место.

Москва ја призна декларацијата за независност на Јужна Осетија и Абхазија по петдневните борби во 2008-мата година, по што неколку земји го направија истото.