Четири експлозии на автомобил - бомби во Газа

Илустрација

Најмалку четири експлозии одекнаа утрово во Газа, цели на нападите биле автомобили на членови на исламистичката фракција во територијата која е под владеење на Хамас, јавуваат локалните медиуми.

Експлозиите во различни делови од градот уништиле 5 автомобили, но се уште нема информации за евентуални жртви. Извори за новинската агенција Франс прес велат дека сопственици на три од тие автомобили се членови на Хамас а двајца се од исламистичката Џихад фракција.