Tоплотен бран ја зафати Македонија

Од денеска до вторник, Македонија ќе биде зафатена со температури до 40 степени целзиусови, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.

Денеска се очекува да биде сончево и жешко, со слаб ветер претежно од југоисточен правец. Во вечерните часови во околината на Шар Планина е можна краткотрајна појава на дожд. Температурата ќе се движи до 38 степени во Скопје а до 35 во Пелагониската котлина, и околу 32 во охридско- преспанскиот крај.

Министерството за здравство им препорачува на граѓаните да избегнуваат престој на отворено од 11 до 17 часот, да консумираат лесна храна и течности,и хронично болните да не отстапуваат од пропишаната терапија.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, потребно е задолжително миење на свежиот зеленчук и овошје пред нивната употреба, ,потоа термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката.