Топло време не очекува и следната недела

Macedonia - Lake Ohrid, sunset, sun - Jun2012

Со топлотен бран од жолта (алертна) фаза денеска е зафатен охридско-преспанскиот регион. Од утре до вторник се очекува територијата на цела држава да биде зафатена со температури до 40 степени целзиусови, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и слаб ветер, претежно од североисточен правец. Попладнесе очекувана крајниот запад да се појават услови за краткотрајна нестабилност.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб ветер, претежно од североисточен правец. Утринската температура до 19, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Потоа следува период на претежно стабилно и многу топло време. Особено топло ќе биде в недела и во првите два дена од наредната недела кога во југоисточниот дел на земјава на повеќе места се очекува температурата да достигне околу 40 степени, а УВ индексот ќе продолжи да има висока вредност 8.