Ахмети: Од договорот добиваат сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, како историски го оцени договорот постигнат со меѓународно посредување што го потпиша лидерите на четирите политички партии, со кој се очекува да и се стави крај на политичката криза во Македонија. Тој нагласи дека во процесот на разговори одлучувачка била улогата на Европската унија и САД. Ахмети во интервју за локална телевизија во Тетово, во однос на очекувањата од новиот специјален обвинител, вели дека тие со право се големи.

Што се однесува на дилемите кај Албанците дека "не се претставени албанските интереси во овој договор", Ахмети цени дека од договорот добиваат сите.

Зборувајќи за можностите за надминување на спорот со Грција, лидерот на ДУИ, рече дека по договорот меѓу нуклеарните сили и Иран, по договорот на меѓународните финансиски институции со Грција, и договорот со меѓународно посредување на четирите политички партии во Македонија, оптимист е дека и прашањето за името ќе се повлече од дневниот ред.

Во однос на имплементацијата на Договорот од Пржино, лидерот на ДУИ е оптимист дека и покрај сите тешкотии ќе се стави во функција.