Закажани избори во Украина, но не во целата земја

Украинските пратеници изгласаа на 25 октомври да се одржат локални избори. Но, законот кој беше донесен денеска од страна на Врховната Рада, вели дека избори нема да се одржат на Кримскиот Полуостров, кој Русија го анектираше лани во март, ниту пак во источните делови од земјата кои што се во рацете на бунтовниците. Владата во Киев нема никаква контрола врз регионите Доњецк и Луганск каде што владините сили се борат со сепаратистите. Бунтовниците во Доњецк и Луганск рекоа дека тие ќе си организираат свои локални избори оваа есен.