Русија издаде потерница по пратеникот Пономарјов

Рускиот суд го стави Илја Пономарјов, единствениот пратеник во руската Дума кој гласаше против анексијата на Крим во 2014, на листата на барани лица и распиша меѓународна потерница по него. Адвокатот на Пономарјов пред Судот во Москва рече дека нејзиниот клиент кој сега се наоѓа во Соединетите држави е подготвен да се врати во Русија за да одговори на сите прашања. Руските власти го товарат Пономарјов дека проневерил државни пари, околу 750 илјади долари, кои му биле доделени да направи истражување, а тој доставил само кратки забелешки. На пратеникот во април му беше укинат имунитетот поради истрагата, по што тој се пресели во САД.