Британија сака да ја отвори амбасадата во Техеран

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон му рекол на иранскиот претседател Хасан Рохани дека нуклеарниот договор постигнат меѓу Иран и светските сили претставува нов почеток во односите меѓу двете земји. Во телефонскиот разговор, како што е соопштено, Камерон му кажал дека Лондон останува посветен на можноста за повторно отворање на британската амбасада во Техеран. Дипломатските односи меѓу Иран и Британија беа прекинати откако ирански демонстранти влегоа во британската амбасада во ноември 2011 година.