Четворица маринци и напаѓачот убиени во САД

Пет луѓе биле убиени, четворица маринци и напаѓачот во два воени центра во местото Чатануга во американската држава Тенеси, соопштија официјални претставници. Според нив, тројца луѓе биле ранети, меѓу кои еден војник и еден полицаец. „Ова го третираме како акт на домашен тероризам“, изјави Бил Килијан, обвинител за источниот дистрикт на Тенеси. ФБИ соопшти дека не биле пронајдени докази дека напаѓачот бил поврзан со меѓународни терористички организации. Американскиот претседател Барак Обама повика на целосна истрага, додека секретарот за одбрана Еш Картер нападот го оцени како безумен акт на насилство. Напаѓачот најпрвин пукал во еден регрутен центар, по што со автомобил се превезол во друг центар при што повторно отворил оган. Според наводите станува збор за 24 годишниот Мухамед Јусеф Абдулазиз, кој бил роден во Кувајт.