ЕУ - Референдумот го поткопува европскиот пат на БиХ

Најавениот референдум во Република Српска е предизвик за интегритетот и суверенитетот на БиХ и може да ги загрози европските интеграции на земјата, изјави денеска Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот за соседска политика и безбедност Јоханес Хан.

„Одржувањето на референдум во РС е предизвик за кохезијата, суверенитетот и интегритетот на БиХ кои во февруари се обврзаа да ги почитуваат сите политички партии и лидери, вклучувајќи го претседателот на ентитетот Милорад Додик“, соопшти Коцијанич преку службата на ЕУ.

Таа истакна дека референдумот ризикува да го поткопа процесот на придружување на БиХ кон ЕУ, за кој политичките лидери се обврзаа да го поддржат.

„Иницјативата за распишување референдум го одвлекува вниманието од вистинските социјални и економски проблеми со кои луѓето во БиХ секојдневно се соочуваат“, порача Коцијанчич.