Еврозоната започнува преговори за Грција

Министрите за финансии на еврозоната се согласија да почнат официјални преговори за финансиска помош за Грција, откако грчкиот парламент ги одобри условите за помош. Министрите денеска имале конференциски разговор, еден ден откако грчките пратеници го одобрија пакетот строги мерки за економски реформи. Европските лидери ги побараа тие реформи за да може да и одобрат 7 милијарди евра на Грција. Во меѓувреме и Европската централна банка соопшти дека ќе продолжи да им дава итна ликвидна помош на грчките банки, изјави денеска на прес конференција претседателот на оваа институција Марио Драги, а плафонот на програмата по која се обезбедува оваа помош, ќе се зголеми. Грчките банки се затворени од 29 јуни, а луѓето можат да повлекуваат само по 60 евра дневно од банкоматите.