Путин и Рут за падот на малезискиот авион

Предвремено и контрапродуктивно ќе биде воспоставувањето на Трибунал на ОН кој треба да им суди на виновниците за паѓањето на малезискиот авион во источна Украина, рекол рускиот претседател Владимир Путин. Путин тоа денеска му го пренел во телефонски разговор на премиерот на Холандија, Марк Рут, ден пред годишнината од несреќата во која загинаа 298 луѓе, најмногу од нив Холанѓани. Рут рекол дека Трибуналот на ОН ќе обезбеди најдобра гаранција за соработката од сите земји во потрагата по правда за семејствата на жртвите. Истрагата на холандските истражители како виновник за несреќата ги посочува проруските сепаратисти. Руските власти пак сугерираат дека украинските владини сили го собориле авионот. Киев тоа го негира.