Се растура опозицискиот камп пред владата

Кампот пред Влада ќе се растури во раните утрински часови. Затворањето на кампот уследи по одуката на раководството на СДСМ, а одлуката на камперите им ја пренесе лидерот на партијата, Зоран Заев.

„Граѓаните тука испратија порака до целата демократска меѓународна јавност дека диктатор, автократ може да падне, да паѓа чекор по чекор, да замине без притоа да падне капка крв за неговото заминување. На овој простор се одржа најголемиот натпартиски собир во историјата на Македонија и тука е поставен темелот на слободата“, изјави Заев во вечерашното обраќање во кампот пред Владата. Тој рече дека секоја наредна власт која ќе работи во објектот пред кој беше поставен кампот, секогаш пред себе ќе треба да го има на ум токму тој симбол на слободата. Антивладиниот камп беше поставен на 17 мај.