Бројот на загинати во уривање на касарна на Сибир достигна 25

Бројот на загинати војници при колапсот на нивната касарна во близина на градот Омск во Сибир, се искачи на 25 соопшти руското Министерство за одбрана. Касарната се урна на 12 јули додека 42 војници се одморале. Власите ги обвинуваат градежниците на касарната за колапсот на зградата. Покрената е и истрага за непочитување на правилата за безбедност и за злоупотреба на власта, а тие што ќе бидат пронајдени за виновни се соочуваа со 10 години казна затвор.