Столтенберг: Мора да ги почитуваме одлуките на Србија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека одлуките на Србија и контактите со Русија мораат да се почитуваат, бидејќи тоа е избор на независна земја и нејзиниот народ.

„Ги почитувам нејзините контакти со Русија, бидејќи тоа е независен избор, на независниот српски народ и секако ги поздравувам блиските односи меѓу Србија и ЕУ“, истакна Столтенберг.

Тој ја поздрави можноста Србија и НАТО да ја прошират и развијат соработката, врз основа на ИПАП договорот, кој претставува рамка за натамошна соработка.