Путин го „нападна“ негoвиот фински колега

Рускиот претседател Владимир Путин го нападнал неговиот фински колега Саули Ниинисто поради забраната на Хелсинки за руски претставници. Финска претходно овој месец не им дозволи на спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин и на петмина други руски делегати, сите на листата на санкции на ЕУ поради нивната поддршка на руските активности во Украина, да присуствуваат на годишната сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Хелсинки. По денешниот телефонски разговор меѓу Путин и Ниинисто, Кремљ соопшти дека рускиот претседател „укажал на законските неправилности“ на одлуката. Сепак, во соопштението се додава дека „било изразено уверување дека Русија и Финска со заеднички напори ќе работат на одржување на добриот соседски и пријателски карактер“ на меѓусебните односи. Односите меѓу Русија и Западот, поради случувањата во Украина, сега се најлоши по завршувањето на Студената војна.