Босанските власти ќе го посетат Белград

Претседателството на Босна и Херцеговина ја прифати поканата да ја посетат Србија. Поканата ја упати српскиот премиер Александар Вучиќ. Посетата најверојатно ќе се реализира идната недела.

Во поканата на Вучиќ се наведува дека двете земји се „цврсто и трајно решени да ги развиваат билатералните односи и да ги решаваат сите отворени прашања со непосреден дијалог и во духот на добрососедството за доброто на граѓаните на двете држави“.