Времето денеска: сончево со мала локална облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура до 19, а дневната ќе се движи од 28 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната до 34 степени.