Мерките за штедење пред грчкото Собрание

Грчката влада денеска го поднесе до Собранието нацрт-законот кој треба да се донесе за земјата да започне разговори за трета транша од финансиската помош.


За предлог-законот за штедење треба да се дискутира утре. Во него меѓудругото се вклучени промени во законите за работни односи, пензиите, ДДВ и даноците. Законот мора да биде усвоен пред истекот на крајниот рок на 15 јули. Ако се усвои законот, еврозоната тогаш ќе ги започне преговорите со Грција во врска со програмата за помош . Тоа би била трета програма за спасување на Грција во последните пет години.