Рохани - ново поглавје во односите со светот

Иранскиот претседател Хасан Рохани во телевизиското обраќање до нацијата рече дека договорот со светските сили ги штити нуклеарните достигнувања на Иран, кои се извор на гордост за земјата. Тој вели дека нуклеарната програма не е за произведување на атомско оружје. Со договорот се укинуваат санкциите, рече Рохани и додаде дека ако договорот се спроведува правилно постепено може да ја елиминира недовербата. Договорот отвора ново поглавје во соработката со остатокот од светот по години на санкции. Тој ги повика соседните земји да ја игнорираат, како што рече, пропагандата од Израел, велејќи дека Иран останува посветен на интересите за стабилност во регионот.