Грција ја пропушти и втората отплата на долгот спрема ММФ

Грција ја пропушти и втората отплата на долгот спрема Меѓународниот монетарен фонд иако доби согласност од еврозоната за нова финансиска помош. Ова беше очекувано со оглед на тоа што Грција се соочува со недостиг на пари. Ваквиот потег нема да има последици врз грчките планови да усвои закони со кои треба да се спроведат далекосежни реформи во пензискиот и даночниот систем со цел да добие заем од дополнителни 86 милијарди евра од Европската унија.