Заев и Нуланд разговарале за политичката криза

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и делегација од СДСМ денеска имале средба со делегација предводена од помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд. Тие разговарлае, како што наведуваат СДСМ, за можноста за решавање на политичката криза во земјава.

„Решавање преку споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за практична примена на решенијата за критичните области посочени во извештаите на ЕК и Стејт Департментот, како и споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за организирање фер и демократски избори во Р.Македонија“, стои во соопштението.

Во него се наведува и дека Заев констатирал дека договорот од 2-ри јуни предвидува решенија за критичните прашања и дека се потребни итни решенија во интерес на нормализација на земјата, доколку се постигне договор за организација на влада што ќе подготви и спроведе избори.

На средбата е изразена согласност дека се неопходни промени за функционалноста на институциите, судството, медиумите, како дел од процесот на промена на партизираниот државен систем, стои во соопштението.