Средба Јолевски - Фаркаш во Скопје

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска се сретна со заменик - помошникот секретар за одбрана на САД Евелин Фаркаш. Стратешки цели на Македонија, нагласил Јолевски, остануваат членство во Алијансата и во Европската Унија, соопшти денеска Министерството за одбрана. Заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД, Фаркаш, истакнала дека САД ја поддржуваат Македонија во процесот на добивање полноправно членство во Алијансата, а се и исклучително благодарни за учеството на припадниците на Армијата во меѓународните мисии за поддршка на мирот.