Еврозоната постигна согласност за нова помош со Грција

Лидерите на еврозоната на разговорите кои траеле целата ноќ едногласно се согласија за нова програма за финансиска помош на Грција. Ова го напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Лидерите, според Туск, се подготвени да и помогнат на Грција ако спроведе сериозни реформи. За денеска е закажан нов самит на еврозоната.