Над 20 убиени во бомбашки напади во Багдад

Во серијата бомбашки напади во делови на Багдад кои главно се населени од шиити загибале над 20 луѓе. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите, но според ирачките власти, зад нив би можело да стојат милитантите на Исламската држава. Властите страхуваат дека нападите би можело да бидат интензивирани до крајот на Рамазанските пости.