НАСА - блиски погледи на Плутон

Нови Хоризонти се доближува до Плутон.

Леталото на НАСА наречено Нови Хоризонти праќа едни од најдеталните фотографии од површината на планетата Плутон, речиси десет години откако беше лансирано од Кејп Канаверал на Флорида. Леталото со големина колку пијано се доближува до историско прелетување на Плутон на 14 јули. Научниците велат дека се подготвуваат да ги откријат тајните за ова небесно тело, што некогаш се сметаше за крајната планета во Сончевиот систем. Во 2006 година Плутон беше преквалификувана како џуџеста планета. Меѓу фотографиите кои научниците ги објавуваат за прв пат, се оние на кои се гледа речиси совршено срце на црвено-рѓосаната површина на Плутон, светли точки кои би можело да бидат ледени капи и мистериозен темен облик, наречен „Китот“. Најблиското прелетување е закажано за 14 јули, кога Нови Хоризонти ќе помине 10 илјади километри на Плутон. Движејќи се со 50 илјади километри на час, леталото е најбрзото беспилотно што некогаш е лансирано и чини 700 милиони долари.