БиХ го осуди нападот врз Вучиќ во Сребреница

Претседателството на Босна и Херцеговина остро го осуди вчерашниот напад врз српскиот премиер Александар Вучиќ, за време на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница.

Тричленото претседателство во комунике наведува дека остро го осудува нападот и изразува најдлабоко жалење, истовремено изразувајќи благодарност дека Вучиќ присуствувал на одбележувањето на 20-годишнината од масовното убиство на 8.000 муслимански мажи и момчиња извршено од силите на босанските Срби и најави дека ќе спроведе истрага.

„Тие што го предизвикаа инцидентот не го нападнаа само Вучиќ, туку го осквернавија погребот и ги посрамотија босанските муслимани“, изјави Партијата за демократска акција.

Властите во Белград побараа од БиХ итно да отвори истрага за откривање и казнување на напаѓачите на српскиот премиер Александар Вучиќ во Сребреница. Вучиќ по враќањето во Белград изјави дека наспроти индицентот ќе продолжи да работи на помирувањето меѓу Србите и муслиманите во БиХ.