Откажан самитот на ЕУ за Грција, разговорите продолжуваат

Претседателот на Европската унија Доналд Туск го откажа денешниот самит на 28 лидери на ЕУ. Туск рече дека само 19-те лидери на еврозоната ќе ги одржат разговорите за кризата во Грција, кои ќе започнат во Брисел во 16 часот по локално време. Разговорите за должничката криза меѓу грчкиот министер за финансии и неговите скептични колеги од еврогрупата беа закажани за 11 часот, во обид да постигнат договор со кој ќе се обезбеди иднината на Грција во еврозоната. Ако не се постигнр напредок, би можело да се случи Грција да банкротира и да се сруши надвор од еврозоната. Грчкиот премиер Алексис Ципрас сака пакет финансиска помош од 53,5 милијарди евра за да се покрие големиот долг на Грција до 2018 година. Но, претседателот на еврогрупата Јерун Дајселблум денеска рече дека дека се уште има „големо прашање на доверба“ и „кредибилитет“ во однос на ветувањата на Грција.