Пакистански војници загинаа во судири со милитанти

Пакистанската армија соопшти дека најмалку четири владини војници се загинати во судирите во текот на ноќта со милитантите од племенските области на земјата. Во денешната изјава на армијата се вели дека околу полноќ милитантите нападнале армиски пункт во племенскиот регион Јужен Вазиристан, долж границата со Авганистан. Девет милитанти биле убиени во судирите, се вели во соопштението. Војската минатата година започна офанзива во регионот. Тековните борби се последна фаза од едногодишната офанзива. Регионот Вазиристан е упориште на пакистанските Талибанци и други милитанти поврзани со Ал-Каеда.