Времето денеска: сончево и топло

Macedonia- weather -sunny, June 21, 2013.

Времето во Македонија ќе биде сончево, ќе дува слаб, а долж Повардарието и во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 28 до 35 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 33 степени.