Напори за план за финансиска помош на Грција

Претставници на Еврозоната ќе се состаната во Брисел да дискутираат за најновите напори да се формулира план за финансиска помош што ќе ја спречи Грција да мора да се откаже од заедничката европска валута.

Холандскиот министер за финансии Ерик Вебес денеска изјави дека последните предлози за штедење се „чекор напред“, но дека „плаот е послаб во некои области повеќе од потребното“.

Тој додаде дека многу влади во Европа се „сериозно загрижени“ во врска со посветеноста на Атина да ги спроведе предложените реформи. Претходно на 11 јули, на грчките предлози им беше даден пробно одобрување од страна на доверителите на земјата и од грчкиот Парламент. Последниот план на Грција е сличен на предлозите за штедење што грчките гласачи ги одбија на референдумот на 5 јули.

Грција денеска помина две пречки на нејзиниот пат кон добивање на друга европска помош: го освои пробното одобрение за широк план за реформа на буџетот од европските лидери, додека Парламентот на Грција убедливо го одобри планот.

И законодавците и кредиторите заклучија дека далекусежните реформи во даноци и пензии понудени од страна на грчкиот премиер Алексис Ципрас, обезбедуваат добра почетна точка за преговори за уште еден спасувачки план, кој ќе ја задржи Грција во Еврозоната.

Грција се бори да добие одобрување за реформите за кредитен плановој викенд од страна на целата Европска унија, за следната недела да спречи спирала во економски колапс. Банките во земјата се затворени две недели, банкоматите брзо се празнат, недостасуваат кредити и други витални економски ресурси.

Во знак дека долго бараните реформи ќе минат, покажува и утрешниот собир на сите 28 членки на ЕУ, давајќи му на планот зелено светло во пресрет на парламентарното гласање, за што протекоа информации дека тоа е добра основа на Грција да и биде понудена нова финансиска помош од 74 милијарди евра.​