Нуланд повика да се спроведе договорот на Хан

Американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд упати повик до политичките лидери во Македонија да ја искористат можноста која се нуди и да го спроведат договорот за нормализирање на политичката состојба на еврокомесарот Јоханес Хан. Говорејќи на форумот во Дубровник, Нуланд, која ќе ја посети Македонија во понеделник, рече дека македонските лидери, по решавањето на политичката криза, треба да се насочат кон решавање на спорот со Грција за да се отвори македонската евро-атланска перспектива.

„Нашата порака до Македонија е еднакво цврста. Пред вас е голема можност за единство и просперитет. Пред вас е членство во НАТО и во Европската Унија. Но, големите политички партии мора да престанат да се расправаат и да појдат по патот на демократски реформи кој Еврокомесарот Јоханес Хан го подготви со поддршка од Соединетите Американски Држави, а потоа да се фокусираат на решавање на спорот за името со Грција. Немојте да ja пропуштите овaa можност, изјави Нуланд. Таа ќе се сретне со македонскиот државен врв и претставници на политичките партии за време на својата посета во понеделник, ден пред најавеното доаѓање и на еврокомесарот Хан.