ОБСЕ ги осудува инцидентите на Косово

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Жан-Клод Шлумберже, силно ги осуди двата инцидента врз српската заедница во западниот дел на Косово. Во денешното соопштени на ОБСЕ се наведува дека го осудуваат пукањето кон две возила во сопственост на едно семејство и обидот да се уништи споменик во српското селото Гораждевац. Шлумберже рече дека овие инциденти ќе предизвикаат чувство на вознемиреност и несигурност. Тој ги повика властите брзо да ги испитаат случаите, а одговорните да се донесат пред лицето на правдата.
„Таквите инциденти негативно ќе влијаат на мирниот соживот на заедниците во Косово“, рече тој.