Путин - Грција досега не побарала помош од Русија

Грција не побарала помош од Русија за решавање на должничкиот проблем, изјави во Уфа рускиот претседател Владимир Путин. Тој рече дека на кризата гледаат со големо внимание, но дека се надеваат оти кризата ќе биде решена наскоро.

Путин запраша каде била Европската комисија кога се трупале проблемите на Грција и зошто не ја корегирала економската политика на претходната грчка Влада.