Се проширува Шангајска организација за соработка

Индија и Пакистан ќе и се приклучат на Шангајска организација за соработка, предводена од Русија и Кина, во која членуваат и земјите од Централна Азија, соопштија денеска од Организацијата. Шангајската група им понудила партнерски однос и на Азербејџан, Ерменија, Камбоџа и Непал. Во соопштението се наведува дека Белорусија ќе добие статус на набљудувач, заедно со Авганистан, Иран и Монголија. Соопштението беше објавено на самиот на организацијата во Уфа. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека проширувањето на групата е нова фаза од развојот на Шангајска организацијаза соработка.