Инцидент во Прифатниот центар за странци

Илустрација.

Во Прифатниот центар за странци синоќа имало инцидент, информира МВР. Според нив, група од осум лица, странски државјани, се затвориле во една од собите, поставиле на вратата ормари и кревети за да не може да се влезе и почнале да извикуваат слогани и се заканувале дека ќе ја запалат собата. Полициски сили пристигнале во Прифатниот центар и по еден час состојбата била нормализирана и се работи на расчистување на настанот, велат од МВР.